домаМакедонијаЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за...

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

- Advertisement -spot_img

Повторно, Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува сериозна загриженост за институционалната неодговорност и непреземањето на мерки за превенција и спречување на фемицидот и семејното насилство.

„Немаме повеќе време за префрлање одговорност, ниту за административни изговори. Секое непостапување има последици и секое доцнење може да значи живот. Последниoт случај со смртта на мајката и ќерката во Тафталиџе, како и сите претходни, ја потресоа јавноста. Уште колку жртви треба да изброиме за институциите да се одважат да постапуваат по пријава?”, прашува во својата изјава за медиумите Тамара Гарческа од ЛДП.

Уште колку смртни случаи треба да се случат за пратениците во Собранието да сфатат дека предлог-законот на ЛДП за воведување електронска нараквица за следење на насилниците не е повеќе опција, туку е обврска?

„Како држава која ја ратификувала Истанбулската конвенција, Македонија има јасна задача: превенција, заштита, санкција. Не само декларативно, туку и реално. Нулта толеранција значи нула оправдувања. Јавноста е гневна – и со право. Бараме темелна истрага. Бараме целосно расчистување. Бараме одговорност со име и со презиме. Животот на жените не е статистика. Безбедноста не е привилегија”, завршува Гарческа во својата изјава со прашањето уште колку жени треба да умрат за институциите конечно да се разбудат и да постапуваат?

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img