Игор Стојчевски од Скопје по третпат вечерва ќе биде главен судија на едно финале во Купот на Македонија. Веројатно нашиот најдобар судија во моментов, ќе ја дели правдата на мечот Силекс – Шкендија. Претходно тој беше главен на ланското финале меѓу Вардар и Струга ТЛ, како и на она од 2023 меѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ.
Кога сме кај судиите во изминатите 32 финалиња, засега рекордер со пет отсудени финалиња е Александар Ставрев. Човекот кој се прости од судењето по завршување на есенскиот од штотуку завршената сезона во декември 2024 година.
Негово последно финале беше меѓу Тиквеш и Воска во 2024, а претходно ја делеше правдата во финалињата во 2007, 2013, 2017, 2021.
СУДИИ КОИ СУДЕЛЕ ВО ФИНАЛИЊАТА
5 – Александар Ставрев (Скопје)
3 – Горан Спиркоски (Прилеп), Игор Стојчевски (Скопје)
2 – Љубомир Крстевски (Битола), Ангел Бунгуров (Кавадарци), Димитар Мечкаровски (Скопје)
1- Гоце Попев (Скопје), Ванчо Костенчев (Скопје), Крсте Данаиловски (Скопје), Ѓоко Стојановски (Скопје), Ванчо Коцев (Штип), Сашо Лазаревски (Куманово), Беким Баута (Струга), Делчо Јакимовски (Скопје), Емил Божиновски (Скопје), Зоран Петковски (Велес), Владимир Кипријановски (Скопје), Зоран Бошков (Неготино), Дејан Јакимовски (Скопје), Марјан Маркоски (Охрид), Марјан Ецкоски (Охрид), Александар Грујоски (Кичево).








