Претседателот на ОО на СДСМ Битола и кандидат за градоначалник, Методија Куновски, во своето обраќање изјави дека „СДСМ секогаш остава резултати, додека ВМРО-ДПМНЕ остава разочарност“. Со ова, тој упати критика кон актуелниот градоначалник Тони Коњановски.
Она што привлече внимание е што Куновски зборуваше за „успешни градоначалници од СДСМ“, повикувајќи се на имињата на покојниот Силјан Мицевски, Златко Вршковски и Наташа Петровска. Токму нивното работење во јавноста често се поврзува со неисполнети очекувања и незадоволство кај граѓаните.

Според дел од локалната јавност, ваквиот настап отвора прашања: дали навистина може да се зборува за „резултати“ ако токму градоначалниците кои Куновски ги наведува зад себе оставија проблеми со инфраструктурата, урбанистичкото планирање и економското функционирање на градот?
Критиките кон актуелната власт се дел од редовната политичка реторика во пресрет на изборите, но останува да се види дали граѓаните ќе ја прифатат оваа порака, особено имајќи предвид дека поддршката доаѓа од имиња чие управување често се оценува како неуспешно.









