Туристичкиот крстосувач Хондиус, кој по појавата на смртоносен хантавирус со денови беше закотвен кај Зеленортските Острови, го напушти архипелагот и се упати кон Тенерифе, откако Шпанија му дозволи впловување.
Според АФП, бродот ќе пристигне во пристаништето Гранадиља во рок од три дена. На Тенерифе, каде има клиника специјализирана за епидемии, патниците и екипажот ќе бидат прегледани и по потреба медицински згрижени.








