домаМакедонијаКривичниот суд вработува 20 судии поротници кои ќе правораздаваат наредните четири години

Кривичниот суд вработува 20 судии поротници кои ќе правораздаваат наредните четири години

- Advertisement -spot_img

Кривичниот суд Скопје на јавен оглас вработува 20 судии поротници кои ќе правораздаваат наредните четири години. Моментално во судот активно на рочишта доаѓаат 37 судии поротници, што значи дека се неопходни нови капацитети за да се подобри ефикасноста на судот. Потребите на судот се да има 70 поротници, а со одлука на Судскиот совет од 2013 година утврдениот број на поротници за скопскиот Кривичен суд бил дури 200.

За судија поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 67 години. Судијата поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието за млади.

Рокот за пријавување на кандидатите е 10 дена од денот на објавувањето на огласот.

Иако не се професионални судии, поротниците учествуваат во одлучувањето, претставувајќи го гласот на граѓаните во судницата. Бројот на судии поротници во судскиот совет зависи од тежината на кривичното дело. За дела за кои е предвидена пониска казна, на судењето присуствува еден судија и двајца поротници, а за дела каде е предвидена затворска казна над 15 години, присуствуваат двајца судии и тројца поротници.

„Судиите поротници не се професионални носители на судиската функција. Тие се граѓани кои со својот интегритет, животно искуство и чувство за правичност придонесуваат кон објективно, независно и непристрасно одлучување и ја внесуваат перспективата на заедницата во судскиот процес. Нивното учество претставува значаен елемент во обезбедувањето транспарентност и јавна доверба во судството, и ја нагласува поврзаноста помеѓу правосудниот систем и граѓаните на кои им служи“, вели за „Слободен печат“ претседателката на Кривичниот суд Скопје Даниела Димовска.

Таа додава дека правдата е темел на секое демократско општество, а нејзиното остварување е заедничка одговорност на сите. Учеството на судиите поротници, според Димовска треба да биде разбрано како демократски аргумент според кој судиите поротници ќе стекнат пошироко животно искуство за време на главната расправа, како и да овозможат граѓаните да земат учество во расправата и одлучувањето.
Report Ad

„Како претседател на Судот, ве повикувам да се приклучите и да бидете дел од процесот на остварување на правдата, како судии поротници. Вашето учество значи придонес кон праведно, одговорно и транспарентно судство. Вашето мислење е важно. Вашето присуство е важно. Вашата улога е важна. Доколку сте полнолетен граѓанин и ги исполнувате законските услови, а не сте постари од 67 години, ве охрабруваме да се пријавите и да станете дел од оваа значајна општествена улога“, повикува таа.

Учеството на граѓаните во судските постапки има длабоки историски корени кои водат уште до античка Атина. Во тој период, во судските совети учествувале граѓани – dikastai, а нивниот број зависел од видот и сложеноста на предметот. На овој начин, одлучувањето за правдата не било исклучиво во рацете на професионални судии, туку претставувало израз на волјата и одговорноста на заедницата.

Современите правни системи го задржале овој принцип, препознавајќи ја важноста на непосредното учество на граѓаните во остварувањето на правдата.

Во Македонија оваа улога ја вршат судиите поротници, кои заедно со професионалните судии придонесуваат кон независно, објективно и непристрасно одлучување. Едно од карактеристичните обележја на судскиот систем во Македонија е тоа што во судењето, освен професионалните судии, учествуваат и судиите поротници во обезбедувањето правично, одговорно и транспарентно судење.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img