домаХроникаКривична пријава против фирма и одговорно лице: Со фалсификувани документи заработиле речиси...

Кривична пријава против фирма и одговорно лице: Со фалсификувани документи заработиле речиси 1,5 милиони денари

- Advertisement -spot_img

СВР Струмица, преку ОВР Радовиш, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Радовиш против С.К. (43) од селото Дедино, општина Конче, како и против правен субјект од Радовиш, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување исправи и употреба на исправа со невистинита содржина.

Според полицијата, С.К., во својство на одговорно лице во правниот субјект, изготвувал фиктивни испратници за дрвни сортименти адресирани на непостоечки лица, без наведување на адреса за испорака, а во дел од документите вршел корекции на податоците за количината и видот на огревното дрво.

На овој начин било овозможено пуштање во промет на незаконски стекната дрвна маса во вкупна количина од 173,31 кубни метри, при што била остварена противправна имотна корист од 864.262 денари.

Дополнително, истрагата утврдила несогласувања кај 27 испратници. Имено, според документацијата биле прикажани 46 кубни метри испорачано огревно дрво, додека проверките на терен покажале дека реално биле испорачани 149 кубни метри. Со продажба на дополнителни 103 кубни метри дрва, надвор од прикажаното во документацијата, пријавените оствариле дополнителна противправна корист од 566.500 денари.

Полицијата утврдила и дека С.К. го фалсификувал потписот на лицето овластено за потпишување на испратниците и таквите документи ги користел како валидни исправи во правниот промет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img