домаШоубизКрај на една музичка ера: СЕ ПЕНЗИОНИРА ГРУПАТА „AQUA“ КОЈА ГО ЗАЛУДЕ...

Крај на една музичка ера: СЕ ПЕНЗИОНИРА ГРУПАТА „AQUA“ КОЈА ГО ЗАЛУДЕ СВЕТОТ СО „BARBIE GIRL“!

- Advertisement -spot_img

Познатиот данско-норвешки евроденс состав, кој стекна планетарна слава на крајот од деведесеттите години, се огласи во понеделникот, 18 мај, преку социјалните мрежи и ја потврди одлуката која натажи милиони обожаватели ширум светот.

Членовите на бендот истакнаа дека сега е „вистинскиот момент за збогување“ и дека сакаат да стават точка на нивната приказна додека спомените се сè уште свежи и убави.

Крај на една ера

Групата која во 1997 година го покори светот со мегахитот „Barbie Girl“, еден од најпродаваните синглови на сите времиња во Велика Британија, одлучи да стави точка на турнеите и концертите. Покрај оваа нумера која одбележа генерации, тие забележаа уште два „број еден“ синглови на британските топ-листи: „Doctor Jones“ и баладата „Turn Back Time“.

Во официјалното соопштение, членовите на групата со емотивни зборови го образложија овој историски чекор:

„’Аква’ беше огромен дел од нашите животи и заедно имавме можност да доживееме повеќе отколку што некогаш сме смееле и да сонуваме. Го обиколивме светот безброј пати, запознавме толку прекрасни луѓе, пеевме заедно со милиони од вас и создадовме спомени кои засекогаш ќе ги носиме со себе.“

Бендот објасни дека одлуката е донесена од желба да се зачува достоинството на она што го граделе со децении.

„Кога сте заедно волку долго, учите и кога е време да го заштитите она што заедно сте го создале. За нас, ова изгледа како вистински момент за збогување, додека сеќавањата се сè уште силни, а љубовта кон музиката, нашата приказна и едни кон други и понатаму е недопрена.“

Благодарност на милионите за поддршката

За крај, до своите верни фанови испратија порака полна со емоции која никого не го остави рамнодушен:

„Од длабочината на нашите срца, им благодариме на сите кои беа дел од ова патување во текот на изминатите 30 години. Ви благодариме за љубовта, енергијата, поддршката и за сите моменти кои ги споделивме. Од нас од сега па натаму можете да очекувате само љубов и благодарност. Бесконечна љубов.“

Составот кој е основан во Копенхаген во 1995 година зад себе остави три студиски албуми: „Aquarium“, „Aquarius“ и повратничкиот „Megalomania“. Со проценети 33 милиони продадени плочи и дискови, тие официјално заминуваат во историјата како најпрофитабилниот дански бенд на сите времиња.

Скандалот со барбиките

Нивната кариера не помина без жестоки контроверзии. Во 2000 година, моќната компанија „Мател“ (Mattel), производител на познатите Барби кукли, поднесе тужба против издавачката куќа на бендот. Тие тврдеа дека песната „Barbie Girl“ ја нарушила репутацијата на брендот и премногу ја сексуализирала нивната играчка. Судот на крајот сепак пресуди во корист на бендот, наведувајќи дека песната е пародија, а судијата во пресудата ја остави познатата, легендарна забелешка: „На странките им се советува да се оладат“.

Марго Роби воодушевена од групата

Интересно е што песната доживеа неверојатна ренесанса пред три години благодарение на холивудскиот блокбастер „Барби“ на режисерката Грета Гервиг. Иако оригиналната верзија не се најде директно во филмот, беше снимен модерен ремикс во изведба на светските ѕвезди Ники Минаж и Ајс Спајс (Ice Spice), кој користеше семплови од оригиналот. Главната актерка и продуцентка на филмот, преубавата Марго Роби, откри дека токму таа била таа која ја уценила режисерката и инсистирала на присуството на групата „Аква“ во филмот.

– И кажав на Грета: „Како ќе направиме филм за Барби, а да не ѝ оддадеме почит на песната ’Barbie Girl’ на групата ’Аква’? Тоа едноставно мора да биде внатре“. Грета ми одговори да не се грижам и дека ќе најдат кул начин тоа да го изведат – рече Роби.

Кога дознала кој ќе го прави ремиксот, актерката била вон себе од среќа.

– Кога ми кажа дека тоа ќе го прават Ники Минаж и Ајс Спајс заедно, ја прашав дали се шегува. Веднаш знаев дека сите мои другарки целосно ќе полудат од среќа – раскажа Марго.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img