домаМакедонијаКрај на двојните контроли: Ќафасан добива „One Stop Shop“

Крај на двојните контроли: Ќафасан добива „One Stop Shop“

- Advertisement -spot_img

Македонија и Албанија се подготвуваат да воведат заедничка гранична контрола на преминот Ќафасан, со што патниците и превозниците во иднина треба да застануваат само еднаш наместо да минуваат низ две одделни проверки.

Албанската влада го одобри воведувањето на системот „One Stop Shop“, откако претходно истата одлука ја донесе и македонската влада. За целосно завршување на постапката останува да биде потпишан договор меѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави.

Новиот модел предвидува македонските и албанските гранични служби да ја спроведуваат контролата на едно место, со што треба да се намали времето на чекање и да се забрза движењето на патниците и стоката.

Системот најпрво ќе почне да се применува на Ќафасан, најфреквентниот граничен премин меѓу Македонија и Албанија, а потоа е предвидено да се прошири и на другите премини меѓу двете земји.

Потребата од побрза контрола е особено изразена во летниот период, кога значително се зголемува бројот на туристи и возила, а на Ќафасан во повеќе наврати се создаваат долги колони.

Во текот на 2025 година преку сите гранични премини со Албанија биле регистрирани 4.581.724 патници. Само преку Ќафасан поминале 2.318.080 лица, што претставува повеќе од половина од вкупниот сообраќај меѓу двете држави.

Од Владата очекуваат заедничките проверки да донесат поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на границата, но и да го олеснат транспортот на стоки и работата на компаниите што тргуваат меѓу Македонија и Албанија.

Со воведувањето на системот со Албанија, Македонија ќе има заеднички гранични контроли со сите соседни држави што не се членки на Шенген-зоната. Ваквиот модел веќе се применува на премините со Србија и Косово.

Практичната примена на системот ќе зависи од потпишувањето на меѓудржавниот договор и од координацијата на полицијата, царината и другите надлежни служби од двете страни на границата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img