Во ски-центарот „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1.200 метри, на надморска височина од 1.400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-патеки.
Според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, овој проект претставува силен развоен чекор за зимскиот туризам и за планинските спортови во регионот, а Кавадарци ќе стане задолжителна зимска дестинација.
Отворањето на новата патека е планирано за 1 јануари 2026 година, со што Кожуф добива нова зимска енергија“, напиша Јанчев на својот профил на „Фејсбук“.









