Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, попладнево јавно со остар тон го повика Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да ја расчисти аферата со наводното следење на премиерот Христијан Мицкоски како тогашен опозиционер од страна на Агенцијата за национална безбедност.
Ковачки на ОЈО ГОКК му порачува да не го користи периодот на локални избори за „апстиненција“ од овој случај .
„ОЈО за ГОКК да не е на одмор?
Да не мислат дека злоупотребите на службите ќе поминат туку така?
Демек фатија избори и готово, би свадба и помина…
Без нималку скромност, јавно и отворено кажувам дека не смее да се ставаат под тепих нарачките, злоупотребите и сатанизирањето на тие на кои им го должат мирот и државата.
Наместо благодарност до нив, тие го удриле сатарот. Класичен антимакедонски чин.
Епа таквите ликови – и нарачателите и извршителите не смее да шетаат слободни и да мешетарат низ државата туку треба да одговараат. Па дури да земаат и државни плати и пензии. Кратко и јасно – мора да одговараат!
Бандата црвена мора мора да се демонтира до последен!
Прочка не смее да има!“, напиша тој на социјалните мрежи.








