домаМакедонијаКоординирана акција поврзана со ФФМ на повеќе локации низ Скопје

Координирана акција поврзана со ФФМ на повеќе локации низ Скопје

- Advertisement -spot_img

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), Управата за финансиска полиција (УФП) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП, кажа Обвинителството за гонење организиран криминал.

Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на претресите и постапките што се преземаат.

Иако нема детали, неофицијално овие активности се продолжение на отворената истрага од 23 април против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Мухамед Мети Сејдини, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Без да го побара тоа од него фирмата која требало со пари на УЕФА да го гради стадионот „Билјанини Извори“, без одобрување од Управниот одбор на ФФМ, без таква можност воопшто и без да обезбеди правно обезбедување на средствата, Сејдини ѝ уплатил на фирмата аванс од над 660.000 евра од наменските пари од УЕФА.

Обвинителството вели дека осомничениот, во периодот од ноември-декември 2024, како службено лице претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист. ФФМ како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраструктура.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img