HomeМакедонијаКонтроли на АХВ: спречен увоз на ризична храна во земјава

Контроли на АХВ: спречен увоз на ризична храна во земјава

- Advertisement -spot_img

Агенција за храна и ветеринарство спречи увоз на околу 50 тони небезбедна храна во земјава, по засилени контроли спроведени на граничните премини во текот на изминатата недела.

На граничниот премин Ќафасан, официјалните ветеринари забраниле увоз на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. Причината е што месото потекнувало од објект кој не е одобрен од АХВ, што значи дека не ги исполнува основните безбедносни стандарди и постои ризик за здравјето на потрошувачите.

Покрај тоа, инспекторите спречиле и увоз на 22 тони ореви од Казахстан поради несоодветно означување и отстапки од пропишаните критериуми за квалитет и безбедност. Целата пратка е вратена во земјата на потекло и не е дозволен нејзин пласман на македонскиот пазар.

Од АХВ информираат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи. Воедно, апелираат до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи, нагласувајќи дека заштитата на здравјето на граѓаните останува нивен врвен приоритет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img