домаМакедонијаКомисијата за финансирање и буџет на средба со ЦЕА

Комисијата за финансирање и буџет на средба со ЦЕА

- Advertisement -spot_img

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа работна средба на членовите на Комисијата за финансирање и буџет со претставници на Центарот за економски анализи (ЦЕА), на тема „Зајакнување на улогата на Собранието во подобрување на транспарентноста, вклучувањето на јавноста и надзорот врз буџетот“.

На средбата пoкрај претседателката на Комисијата Сања Лукаревска и заменик-претседателката  Јованка Тренчевска, присуствуваа и членовите на Комисијата Игор Здравковски, Јулија Тушевска и Фатмир Битиќи, заменикот-членот Александар Јамалов како и пратеникот Златко Пенков. 

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, ја отвори средбата и изрази подготвеност за продлабочување на соработката меѓу Комисијата и Центарот за економски анализи, со цел унапредување на парламентарниот надзор и зголемување на транспарентноста во процесот на буџетирање.

Во своето обраќање, претставничката на Центарот за економски анализи, Весна Гарванлиева-Андонова, се осврна на наодите и препораките од анализите поврзани со фискалната транспарентност, вклучувањето на јавноста во буџетските процеси и надзорот врз јавните финансии. Таа ги презентираше состојбите во однос на фискалната стратегија на државата, како и степенот на достапност на буџетските документи за пошироката јавност.

Присутните се согласија дека транспарентното управување со јавните финансии, навременото информирање на граѓаните и ефективниот парламентарен надзор претставуваат клучни предуслови за зајакнување на довербата во институциите и за обезбедување одговорно и отчетно трошење на буџетските средства.


- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img