домаМакедонијаКои се решенијата за возачите кои превезуваат стока во Шенген-зоната

Кои се решенијата за возачите кои превезуваат стока во Шенген-зоната

- Advertisement -spot_img

Сите возачи на камиони од Балканот излегоа на протести со барање Европската Унија да најде решение за нивниот проблем. Со право бараат за возачите кои превезуваат стока да нема ограничувања при влез и излез од земјите на Шенген-зоната. Од друга страна, Европската Унија сè уште останува глува за нивните барања и задушена во административните лавиринти. Апсурдот се состои во тоа што, од една страна, се бара интеграција на Балканот во Европа, а од друга страна се поставуваат дополнителни бариери за слободното движење.

За возачите е потребно итно решение, во спротивно последиците ќе бидат сериозни за извозот на земјите од регионот, но и за зголемувањето на цената на транспортот низ цела Европа, пишува „Журнал.мк“.

Возачите протестираа во сите балкански центри кои не се членки на ЕУ!

Неколку стотици возачи на камиони во понеделникот протестираа во Сараево, Белград, Подгорица и Скопје, пред објектите на делегациите на Европската Унија.

Транспортните компании бараат прашањето за нивниот престој и работа во ЕУ да биде решено со услови кои ќе бидат приспособени на спецификите на нивната работа. Едно од нивните главни барања е правилото според кое е дозволен максимален престој од 90 дена во период од 180 дена да не се применува на професионалните возачи.

Сепак, Европската комисија засега не најавува промена на шенгенските правила, туку како можно решение го гледа користењето на постојните механизми, вклучително и долгорочни визи, дозволи за престој и билатерални договори меѓу земјите членки и земјите од кои доаѓаат возачите.

ЕУ нема намера да попушти!

Европската комисија е свесна за проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи на камиони од Западен Балкан поради правилата за престој во Шенген-зоната, но во моментов не планира да ги менува.

Комисијата признава дека природата на одредени професии бара подолг престој во Шенген-зоната од моментално дозволените 90 дена во кој било период од 180 дена. Покрај професионалните возачи, во оваа категорија спаѓаат и спортисти и уметници кои престојуваат во странство поради турнеи и професионални ангажмани.

Правилото според кое граѓаните на земјите чии државјани не се обврзани да поседуваат виза можат да престојуваат најмногу 90 дена во кој било период од 180 дена постоеше и пред воведувањето на Системот за влез/излез – EES. Сепак, новиот електронски систем овозможува попрецизно регистрирање на влезовите, излезите и вкупното времетраење на престојот, пишува „Журнал.мк“.

Кое е решението?

Долгорочните визи, дозволите за престој и билатералните договори со земјите членки на ЕУ можат да бидат едно од можните решенија.

Издавањето долгорочни визи и дозволи за престој е во надлежност на земјите членки на ЕУ, а оваа можност може да се разгледа како решение. Во одредени, ограничени случаи, професионалните возачи би можеле да бидат третирани и како прекугранични работници.

Еден од можните модели за решение е возачите да склучат договори со транспортни компании со седиште во ЕУ, на пример во Словенија, Хрватска или Германија. Врз основа на ваквиот партнерски однос, компаниите би можеле да обезбедат работни визи за своите возачи, а со таквата дозвола за престој тие би биле изземени од 90-дневното ограничување во Шенген-зоната додека ја извршуваат својата работна задача.

Некои земји членки на ЕУ, кои се соочуваат со недостиг од професионални возачи, нудат забрзани постапки за возачи од Западен Балкан. Транспортните компании треба директно да аплицираат преку овие национални програми. Сепак, ова решение е скапо и ги обврзува компаниите да плаќаат даноци на плати и дополнителни придонеси.

Она што е особено важно е дека Владата треба да ги опфати земјите каде што традиционално работат транспортните компании од Северна Македонија. Тука спаѓаат земјите со најголема фреквенција на македонски превозници, со кои Владата и Министерството треба да склучат билатерални договори за долгорочни визи.

Северна Македонија треба самостојно да го реши овој проблем, а најлесниот и единствениот реален начин во овој момент е преку билатерални договори со земјите од Шенген-зоната.

Транспортната дејност е еден од моторите на економијата на Северна Македонија и токму поради тоа овој бизнис не смее да биде доведен во ситуација да престане да функционира.

Некои решенија сè уште можат да се најдат во рамките на постојниот систем, особено преку националните правила и билатералните договори меѓу државите. Северна Македонија и земјите од Балканот веќе започнаа да го прават тоа, преку склучување одделни билатерални договори со некои земји од Шенген-зоната, како што се Хрватска, Романија и Швајцарија.

Ова мора што побрзо да се направи и со Германија и Австрија, но времето не работи во интерес на возачите, пишува „Журнал.мк“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img