Повеќето осудени за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст откако издржале повеќе од две третини од своите казни, информира „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд.
Кривичниот совет оценил дека се исполнети законските услови за ваква одлука. На слобода, ден пред Нова година, треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски.
Досега условен отпуст добија Младен Додевски и Горан Ангелов-Ќосето, кои меѓу првите го напуштија затворот.







