3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

- Advertisement -spot_img

Работниците во Германија стареат.

Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика (Дестатис).

Како што е наведено, во 2024 година, Германија имала околу 40,9 милиони вработени во возрасната група помеѓу 15 и 64 години, а од нив 9,8 милиони работници во возрасната група помеѓу 55 и 64 години, што одговара на удел од 24 проценти.

Главните причини се демографското стареење на населението во Германија, но и фактот дека, во просек, граѓаните се пензионираат подоцна отколку порано.

Според податоците од Германското пензиско осигурување, во 2024 година жените и мажите се пензионирале во просек на возраст од 64,7 години. Пред 20 години просекот бил 63 години.
Во тој период, законската возраст за пензионирање постепено се зголемуваше, додека моделите за предвремено пензионирање беа укинати, што дополнително придонесе за раст на уделот на постари вработени на германскиот пазар на трудот.

На ниво на Европската унија, постарите вработени над 55 години сочинуваа околу една петтина од сите работници, или 20,1 процент, покажуваат податоците на Евростат.

По Германија, Италија имаше втор најголем удел на постари вработени во Европската унија во 2024 година, каде што луѓето на возраст од 55 до 64 години сочинуваа 23 проценти од вработените, а Бугарија беше на третото место со 22,3 проценти.

Спротивно на тоа, најнизок удел на постари работници е регистриран во Малта – 10,8 проценти, во Луксембург 12,8 проценти и во Полска 15,2 проценти, според веб-страницата на Дестатис.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img