Денес, во сабота, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ заминуваме во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети.
Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие неопходната специјализирана помош.

Како директор на ТОАРИЛУЦ, трауматолог и спинален хирург, заедно со анестезиологот д-р Александар Димитроски и нашиот тим, ќе направиме сè што е во наша моќ за да го спасиме пациентот и да спречиме понатамошно невролошко оштетување.
Ова е вистинската смисла на дисперзираната здравствена услуга – стручниот тим да стигне до пациентот таму каде што е најпотребен, дури и во најитните случаи, без оглед на денот, времето или местото.
Благодарност до сите колеги вклучени во организацијата и лекувањето. Грижата за пациентите е наша професионална и човечка обврска.
Сè за пациентите!
Д-р Игор Мерџаноски
Директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ
Трауматолог и спинален хирург






