HomeМакедонијаКога го прашував зетот зошто ја малтретира ќерка ми, тој одговараше дека...

Кога го прашував зетот зошто ја малтретира ќерка ми, тој одговараше дека жената е за тепање

- Advertisement -spot_img

-Кога го прашував зетот зошто ја малтретира ќерка ми, тој одговараше дека жената е за тепање. Пеколно и беше со него, тоа не беше живот, но остануваше поради децата, сведочеше на судско рочиште Димче Караиманов минатата година во Основниот суд Куманово, за случајот во кој неговата ќерка Вангелица Илиевска (37) е обвинета за двојно убиство со умисла на сопругот и свекорот, во нивната куќа во Кратово. Судењето за овој случај кој ја потресе јавноста пред речиси две години, се уште трае, а наредното рочиште ќе се одржи во април. Неизвесно е кога ќе биде донесена пресудата.
Настанот се случи на 13 јуни 2024 година, во 21.30 часот, во семејната куќа во Кратово, кога при трпење семејно насилство жената ги убила сопругот Јован и свекорот Стојан. Критичната вечер Вангелица била во дневната соба кога дошол нејзиниот сопруг Јован и започнале вербална расправија, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото. Ја истуркал кон кујната и во моментот кога со рацете ја фатил за вратот, таа од кујнските елементи зела нож, со кој му нанела два убода во пределот на градите и стомакот. Тогаш во собата влегол нејзиниот свекор, па и него двапати го пробола во градите. Таа се товари дека извршила кривично дело двојно убиство со умисла.Пред судот таа кажа дека дејствувала во самоодбрана.
Жената десет години била жртва на семејно насилство, трпела психичко и физичко малтретирање од сите членови на семејството, а останала само поради децата. Повеќепати барала помош од полицијата и Центарот за социјални работи, но никој не ѝ помогнал.
Во затворот Идризово, пет жени се осудени за убиство на својот партнер. Според нивната одбрана, трпеле долгогодишно насилство, но и пријавувале во институциите, пред да посегнат по животот на партнерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img