-6.2 C
Skopje
9 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски на терен по обилните дождови во Битола - екипите интервенираат по...

Коњановски на терен по обилните дождови во Битола – екипите интервенираат по поплавите во Кравари

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен во селото Кравари, каде што по обилните врнежи од дожд дојде до поплавување на дел од населеното место. На терен со него е и директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, а за справување со ситуацијата се приклучија и екипи од водостопанското претпријатие „Битолско Поле“.

Проблемот настанал поради каналска мрежа која не може да ја прими големата количина на вода. Екипите на „Водовод“ работат на лоцирање на најкритичните точки и нивно санирање, со цел што поскоро воспоставување на нормална состојба.

Коњановски истакна дека се сретнал со жителите на Кравари и заеднички се работи за решавање на проблемот, додека екипите остануваат на терен до целосно санирање на состојбата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img