Вториот уапсен во полициската акција против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е Аки Саити, раководител од Сарај. Тој беше приведен заедно со директорот Сабахудин Рустеми поради сомневања за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик, кое се однесува на загрозување на животната средина и природата со отпад. Според Телма, Саити е раководител на секторот за управување со отпад во претпријатието.
Истрагата започна поради долготрајното несобирање на сметот во Скопје, што доведе до сериозни хигиенски проблеми и загрозување на јавното здравје. Обвинителството и МВР преземаат дејства за обезбедување на докази и подготовка на кривична пријава против осомничените лица.
Сабахудин Рустеми беше назначен за директор на „Комунална хигиена“ на 29 јануари 2025 година, како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ.









