HomeМакедонијаКоњановски со честитка за Рамазан Бајрам: Заедништвото и грижата да нè водат...

Коњановски со честитка за Рамазан Бајрам: Заедништвото и грижата да нè водат напред

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

Во својата порака, Коњановски им посака празнични денови исполнети со радост, мир и спокој, поминати во кругот на семејството, нагласувајќи ја важноста од меѓусебна грижа и сплотеност.

Тој истакна дека празникот носи силна порака на заедништво, взаемна почит, добрина и грижа, вредности кои, како што посочи, се длабоко вкоренети во духот на битолскиот космополитизам.

„Заедно сплотени да се грижиме едни за други и да ги негуваме вредностите што нè обединуваат како заедница“, се наведува во честитката.

На крајот, Коњановски им го честита празникот на сите верници со зборовите: „Честит празник Рамазан Бајрам.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img