HomeМакедонијаКој е Гоце Наумовски – новиот уставен судија?

Кој е Гоце Наумовски – новиот уставен судија?

- Advertisement -spot_img

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден „воздржан“, пратениците на вчершната седница го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, тој во Собранието даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, почитувајќи ги Уставот и законите.

Наумовски доаѓа на местото што остана испразнето откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември минатата година поднесе оставка од функцијата уставна судијка, наведувајќи здравствени и лични причини.

Гоце Наумовски дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Во текот на академската кариера се насочил кон римското право како темел на современите правни системи.

Тој е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Покрај академската работа, Наумовски бил ангажиран како правен експерт и советник во областа на законодавството. Во јавноста беше споменуван и како надворешен соработник на премиерот Христијан Мицкоски во областа на правото.

Учествувал на домашни и меѓународни научни конференции и бил ментор на бројни дипломски, магистерски и докторски трудови.

Предлогот Наумовски да биде избран за уставен судија го поднесе претседателот на собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека станува збор за кандидат со богата биографија и кредибилитет, способен да го штити Уставот и интересите на граѓаните. Комисијата го утврди предлогот без расправа и со мнозинство гласови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img