„ФЗО во основа има и контролна финансиска функција и ги следи медицинските аспекти, истакна директорот Клековски во „Директно“. Тој објасни дека ФЗО врши редовни вонредни контроли.
Вонредните се по претставки дали од незадоволни пациенти или дописи, жалби и во ги соопштуваме на министерството за здравство, за финансии и Државниот завод за ревизија. Во основа има повеќе сегменти на проблеми. Два сегменти се главни платите и јавните набавки. Во однос на платите непочитување на колективните договори, си исплаќаат и сменски додаток и дежурства, едно со друго не се совпаѓа, не се водат книги за прекувремена работа и сл. Во делот на набавките често се прават набавки без соодветно обезбедени средства и се прават долгови и стануваат проблем на фондот, истакна Клековски
Според директорот на ФЗО во финансиските аспекти имало и поплаки за двојни наплати и од осигуреникот и од ФЗО.
Фондот врши контроли исклучиво во здравствените установи со кои има склучено договори, во Итната медицинска помош најдовме дека имале ценовници по кои наплаќале услуги од граѓаните по свој наод, а не со одобрение на Фондот и Министерството за здравство, објасни Клековски.
Тој објасни дека таму каде првпат се воочуваат проблеми се даваат опомени, па во Итната медицинска помош определиле два месеци за да се отстранат недостатоците. Таму каде што неправедно се исплаќани додатоци побарано е да се вратат назад.
Но ако видиме дека тоа однесување продолжува континуирано, тогаш во основа поднесуваме пријави надвор од институциите кои ги спомнав, односно поднесуваме пријави до МВР и до Финансиската полиција. Имаме веќе поднесено и се работи и на нови, бидејќи не ние целта да се види дека сме поднеле за претхониците, туку дека мораме генерално да го смениме однесувањето и има пријави на кои се работи и во моментов, вели Клековски.
Тој ги наброја случаите за поднесени кривични пријави и покренати постапки, почнувајќи од случајот Онкологија, потоа комисијата за доделување на инвалидски пензии, случајот со прилепската болница, каде благајник наместо да ги уплати парите ги ставил в џеб, како и случаите со офтамолозите во Велес, Битола и директорот на Геријатрија Скопје.







