Кошаркарот на Барселона, Вил Клајбурн, се огласи по информациите за здравствени проблеми поврзани со срцето. Американецот ќе паузира околу четири недели, но нагласи дека неговата сезона не е завршена.
- Јас сум добар и здрав, само ги следиме упатствата за да се заштитам јас и клубот, порача Клајбурн.
Тој додаде дека ќе го искористи периодот за одмор и подготовка за силен камбек. Инаку, ова е трет случај сезонава во Барселона со слични здравствени проблеми кај играчите.
И покрај ситуацијата, Клајбурн останува позитивен и мотивиран да се врати на теренот. Во Евролига, тој просечно бележи 13,8 поени, 4,2 скока и 1,6 асистенции.
Клубот и медицинскиот тим внимателно ќе ја следат неговата состојба во наредниот период.








