Граничниот премин Евзони моментално е во состојба на целосен сообраќаен хаос. Влезот во Грција од македонска страна е целосно блокиран, а колоната возила долго време стои во место и речиси не се движи.
Ситуацијата е дополнително влошена од екстремната летна жештина – живата во термометарот надмина пеколни 42°C. Заробени во жешки автомобили и на жешкиот асфалт, патниците и возачите почнаа да губат трпение, а оглушувачко и масовно свирење на сирени од речиси сите возила се пробива низ граничниот премин.
Сведоштвата за целосниот колапс и нервозата кај туристите брзо се проширија на социјалните мрежи. Видео од овој хаос е објавено на Фејсбук страницата „Грција инфо“, каде што јасно се гледа огромна колона автомобили што стојат во место, додека сирените на нервозните возачи ечат во позадина.






