домаСпортКенијците доминираа во Скопје, Ивановски трет на маратонот

Кенијците доминираа во Скопје, Ивановски трет на маратонот

- Advertisement -spot_img

Кениските атлетичари доминираа на годинашниот Скопски маратон, а најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски успеа да стигне до третото место во машка конкуренција.

Победник на 42,195 километри е Дерик Чеге Нјороге од Кенија со време од 2 часа, 12 минути и 56 секунди. Втор заврши неговиот сонародник Едвин Кимару Косгеи со 2:13:21, додека Ивановски ја мина целта за 2:13:49.

Добар настап имаше и Жан Тошев, кој заврши на осмото место.

Во женска конкуренција првите три позиции исто така им припаднаа на Кенијки. Победи Долфин Кемунто Нијагака, пред Кипкемои и Какури, додека македонската маратонка Андријана Поп Арсова Рашиќ заврши четврта.

Кениска доминација имаше и на полумаратонот. Кај мажите победи Кенеди Роно со време 1:05:27, пред Киптум Кимаијо и Џон Куриа.

Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Валентајн Џебет со 1:13:16, пред Чарен Чепквони и Нанси Гитаига.

На трката на пет километри победите останаа во Македонија. Кај мажите најбрз беше Андреј Арсов со 16 минути и 29 секунди, а втор заврши Гилман Јонузи. Кај жените победи Ирма Хајдари со време 19:43, пред Емили Ивановска.

На 22. издание на Скопскиот маратон годинава беа пријавени повеќе од 15.000 учесници од 63 земји.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img