домаХроникаКазна за малолетникот кој возеше скутер „на едно тркало“ во Штип

Казна за малолетникот кој возеше скутер „на едно тркало“ во Штип

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

-Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21:00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“ во Штип, Е.Б.(15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Лицето е пронајдено и идентификувано, а против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи – соопштија од МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img