2.8 C
Skopje
17 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКатица Јанева излезе на слобода откако доби условен отпуст

Катица Јанева излезе на слобода откако доби условен отпуст

- Advertisement -spot_img

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна казна затвор, во предметот „Рекет“ пред неколку дена добила условен отпуст и повеќе не е во затворот „Идризово“, информацијата за ТВ 24 ја потврди првиот човек на Управата за санкции Александар Пандов.

Затворската казна формално трае до 2027 година, а според условите, Јанева треба да се јавува редовно во Кривичниот суд-Скопје. Доколку не ги почитува овие обврски и доколку стори ново кривично дело тоа би значело повторно враќање во затвор.

Пред пет години Кривичниот суд донесе пресуда-седум години казна затвор, а Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата во јули 2021 година, по што таа ја издржуваше казната во „Идризово“.

Минатата година Катица Јанева доби дозвола да биде работно ангажирана надвор од „Идризово“ во адвокатската канцеларија на својот син, односно според условите, таа наутро излегувала од Идризово, а по завршување на работниот ден, требало да се враќа во затворот. Првенствено Јанева ги исполнувала критериумите, но по увидот од Управата за извршување санкции, таа го изгуби ова право затоа што било констатирано дека Јанева не ги почитувала условите.

Во 2019 година обвинителката Вилма Рускоска го поднесе обвинението, а потоа за овој случај, „Рекет“, судот донесе одлука и Бојан Јовановски и Катица Јанева беа прогласени за виновни. Бојан Јовановски доби казна затвор од девет години за делото примање награда за противзаконито влијание и за делото перење пари, а Катица Јанева доби седум години за злоупотреба на службената положба и овластување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img