-2.2 C
Skopje
17 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeШоубизКараванот „Македонијо, во срце те носиме“ ја продолжува својата мисија кон Делчево!

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ ја продолжува својата мисија кон Делчево!

- Advertisement -spot_img

По одличниот прв концерт одржан под ѕвезденото небо на Охрид караванот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја шири својата музичка мисија  овојпат кон истокот на Македонија, во срцето на Делчево!

Во недела, на 31 август, со почеток од 20 часот делчевци и сите љубители на македонската песна ќе имаат чест да бидат дел од едно големо музичко доживување, кое не е само концерт – туку емоционално обединување, прослава на нашата култура, идентитет и љубов кон татковината.

Во Охрид пеевме во еден глас – во Делчево ќе запееме уште погласно! Македонската песна повторно ќе одекне затоа што ова не е само музика, ова е повик – да се сетиме кои сме, од каде доаѓаме и што носиме во себе.

Мисијата продолжува – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да се собереме повторно, да пееме во еден глас и да покажеме дека Македонија е вечна затоа што живее во срцето на народот.“

Ве очекуваме во Делчево! Да го славиме она што сме. Да пееме за Македонија. Да бидеме едно.

Проектот е во организација на Скендеровски продукција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img