домаСпортКапитенот на Интер со сериозна повреда!

Капитенот на Интер со сериозна повреда!

- Advertisement -spot_img

ФОТО: Inter/FB

Интер претрпе болен пораз од Бодо/Глимт со 3:1 во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите. Сепак, ледената вечер во Норвешка донесе уште една исклучително загрижувачка вест за „неро-аѕурите“ – сериозната повреда на напаѓачот Лаутаро Мартинез.

Покрај самиот пораз, големата загриженост во таборот на Интер е поврзана со состојбата на капитенот Лаутаро Мартинез, кој беше принуден да го напушти теренот.

По натпреварот, тренерот Киву го опиша аргентинскиот напаѓач како „изгубен“ и кога го прашаа што мисли, тој објасни:

Тоа значи дека Лаутаро е повреден, и тоа доста сериозно“ истакна стратегот на Интер и додаде:
„Мислам дека е повреден и ќе биде надвор од терените некое време“, додаде романскиот специјалист.

Според „Скај“, Лаутаро ќе биде подложен на медицински прегледи во петок за да се утврди сериозноста и природата на повредата, а првичните прогнози укажуваат на повреда на листот.
Во оваа фаза, се чини малку веројатно дека Аргентинецот ќе биде достапен за реваншот, кој ќе се игра следниот вторник на „Сан Сиро“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img