Кандидатот за градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити денес оствари средба со трговците на Бит Пазар, една од најзначајните економски и културни точки на општината.
Во разговорите тој го истакна клучниот придонес на трговците за благосостојбата на многу семејства и за развојот на локалната економија, нагласувајќи дека „гласот на трговците е и глас на општината“.

„Ќе бидам тука за да ги слушнам и поддржам преку конкретни дејства и насочени инвестиции,“ порача градоначалникот.
Тој посочи дека иако Чаир нема индустриски зони или големи компании, општината е богата со мали и средни бизниси кои претставуваат основа за локален развој. Во тој контекст, Старата чаршија и Бит Пазарот се економски и културен столб на општината.

Изет Меџити најави поддршка за локалните бизниси преку институционални политики кои ќе овозможат раст, фер конкуренција и одржлив развој.

Посебен акцент беше ставен и на туристичкиот потенцијал на зоната. Според него, Старата чаршија, Бит Пазарот и Скопското Кале можат да создадат уникатен туристички пакет кој ќе ја зголеми видливоста на Чаир и ќе привлече домашни и странски посетители.

„Фокусот ќе го насочиме кон сериозни проекти за развој и промоција на овие историски и културни атракции,“ нагласи тој.









