-1.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКампањата против Арбен Фетаи е доказ за очајот на ДУИ

Кампањата против Арбен Фетаи е доказ за очајот на ДУИ

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН реагираше на, како што велат, „оркестрирана кампања на клевети и лаги“ против заменик-премиерот Арбен Фетаи, за која ја обвинија Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините поддржувачи.

„Преку лажни профили и валкани методи се прави обид да се наруши угледот на Фетаи и да се стопира процесот на промена кој е веќе неповратен,“ стои во соопштението на ВЛЕН.

Од таму додаваат дека ваквите напади ја потврдуваат „силата на ВЛЕН, која ги урна плановите на ДУИ и Таравари со кланот Ѓока“.

„Тие се плашат од транспарентност, чисти раце и нашата решеност да го искорениме криминалот, корупцијата и мафијашките врски што ја држеа државата во заложништво повеќе од две децении,“ наведуваат од ВЛЕН.

Коалицијата потенцира дека за разлика од ДУИ, ниту еден нивен претставник не злоупотребил јавни пари и дека нивното работење е „отворена книга“ за јавноста.

„Нашето одлучување е слободно, ненаметнато и независно, затоа што се потпираме исклучиво на народот и нацијата, а не на олигарси и нарко-босови,“ велат од таму.

ВЛЕН смета дека нападите кон Фетаи се израз на очај и страв од вистината.

„Нека клеветат преку лажни профили, нека лаат нивните дигитални платеници – караванот на ВЛЕН продолжува неповратно напред, градејќи иднина без ДУИ, без поддржувачи и без заложници на Ѓока,“ завршува реакцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img