домаРегионКалас: Изборниот циклус во Косово ја одложи новата рунда дијалог меѓу Приштина...

Калас: Изборниот циклус во Косово ја одложи новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград на ниво на раководство

- Advertisement -spot_img

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека честите изборни процеси влијаеле на одложувањето на новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија на ниво на раководство.

Калас, пред состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на Европската унија со министрите од Западен Балкан во Брисел, изјави дека постоел договор со премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за состанок, но дека сега во Косово се приближува нов изборен циклус, што, според н а, го одложува процесот.

– Всушност, планиравме дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво. Добив согласност од двајцата лидери, и од Косово и од Србија, но сега повторно се приближуваат избори во Косово, што секако го одложува овој процес – рече Калас.

Таа нагласи дека со страните работи на имплементација на договорите кои се веќе во сила и кои досега се постигнати преку дијалогот.

На прашањето што очекува од денешниот состанок, Калас рече дека ќе се разговара за проширувањето и што друго може да се направи за да се тргне напред со реформите.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина се води под покровителство на Европската унија од 2011 година со цел нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Тој е покренат по прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година, која Србија не ја признава, но ја признаа повеќето западни држави. Со текот на годините беа постигнати повеќе договори, а најважен е Бриселскиот, кој во 2013 година го потпишаа тогашните премиери на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, а беше сметан за пресвртница во односите меѓу двете страни, особено во контекст на нивните европски интеграции. Србија тогаш се обврза на гаснење на паралелните институции во северно Косово, додека Приштина се согласи да ја формира Заедницата на српски општини (ЗСО), што до денес не е спроведено.

Европската унија повеќепати ги повика двете страни да ги исполнат преземените обврски, вклучувајќи го и договорот од Охрид од 2023 година. Сепак, политичкиот застој и тензиите, особено на северот на Косово, и понатаму претставуваат сериозна пречка кон нормализација на односите.

Напредокот во дијалогот е директно поврзан со европските интеграции на двете страни, бидејќи ЕУ нормализацијата на односите ја смета за клучен услов за продолжување на нивниот пат кон членство. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img