Новата мапа, заснована на најновите податоци на Евростат, открива дека невработеноста во Европа во 2026 година станала прашање на микролокација, а не на национални граници. Додека некои делови од континентот речиси и да немаат проблеми на пазарот на трудот, други продолжуваат да бележат алармантни бројки.
Како што истакнува Милош Поповиќ, авторот на визуелизацијата на мапата: „Податоците покажуваат подлабока приказна отколку што сугерираат повеќето наслови. Најголемите разлики не се меѓу земјите – тие се во нив. Вашиот поштенски број сè уште ја одредува вашата иднина повеќе од вашиот пасош.“
Регионите во јужна Шпанија, Грција и јужна Италија претставуваат најголеми „жаришта“ на невработеност, со стапки што надминуваат 20 oтсто во некои области. Во Андалузија и јужна Италија, невработеноста трае повеќе од една деценија и ги ограничува економските можности на локалното население, правејќи ги социјалните и економските проблеми длабоко вкоренети.
Спротивно на тоа, земји како Чешка, Полска и германска Баварија бележат значително пониски стапки на невработеност, често под 5 отсто. Работните места се релативно достапни, а пазарот на трудот е силен и стабилен. Овие региони покажуваат дека Европа содржи и „оази на трудот“ и „економски пустини“, пренесува 6yka.








