Кај двајца припадници од новопримените професионални војници е евидентиран случај на кожна болест скабиес или во јавноста попозната како шуга.
По дијагностицирањето, лицата се изолирани и упатени на домашно лекување согласно важечките здравствени протоколи. Веднаш се преземени соодветни превентивни мерки со цел спречување на евентуално ширење на болеста. Дополнително, спроведен е епидемиолошки надзор од страна на стручни лица од воено медицинскиот центар, при што се постапува согласно нивните стручни насоки и препораки.
Ве информираме дека пред приемот на професионалните војници и почетокот на обуката обезбедени се сите предуслови за сместување, престој, живот и работа во единицата.од арм за ТВ 24 велат дека армијата континуирано презема превентивни и против епидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот во армијата.








