Утре попладне ќе има средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Весислава Петрова Чамова во Хелсинборг, потврдуваат извори од МНР за ТВ 24
Муцуснки и Петрова Чамова се на Самит на министри за надворешни работи на земји членки на НАТО во Шведска и според информациите на тв 24 утре попладне договорена е официјална средба меѓу двете делегации. Според изворите на ТВ 24 форматот на средбата ќе биде или 1+1 или 1+2.
Ова е прва средба откако Македонија му упати устен демарш на амбасадорот на Бугарија, бидејчи во Брисел Чамова Петрова ја употреби формулацијата „северномакедонски“ и порача дека се сретнала со Муцуснки и му кажала дека Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот и дека тоа е европкса обврска, додека пак македонскиот министер разговорот го квалификуваше како едноминутен на стоење и најави дека официјално ќе ја покани Петрова Чамова на средба.








