5.8 C
Skopje
18 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаИзборот на новите министри пред пратениците в среда

Изборот на новите министри пред пратениците в среда

- Advertisement -spot_img

Мини владината реконструкција со која треба да се пополнат минстерските места во извршната власт што се испразнија по локалните избори, пред пратениците ќе се најде в среда идната недела.

Беким Сали како нов вицепремиер и Мухамед Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање ќе ги пополнат позициите што се ослободија по преминувањето на Изет Меџити од централната во локалната власт со неговиот избор за нов градоначалник на Чаир. Претседателот на Собранието Африм Гаши за тогаш ја закажа 75 собраниска седница на која се ставени само две точки – предлог за разрешување и предлог за именување на нови министри.

За да се направи изборот на Сали и Хоџа, најпрво мора да да помине разрешувањето на Орхан Муртезани од министерската позиција за европски прашања, затоа што премиерот Христијан Мицкоски не го прифати барањето на коалицискиот партнер ВРЕДИ, да добијат уште едно место повеќе во Владата, кое тие го аргументираа , меѓу другото и со зајакната позиција по резултатот на локалните избори. Затоа Беким Сали треба да води и еден ресор покрај вицепремиерската позиција, а изборот падна на ресорот за европски прашања. Муртезани пак, како утешна награда се очекува да го добие амбасадорското место на земјава во НАТО, што индиректно го потврди и самиот премиер, кој неодамна рече дека е задоволен од соработката со Муртезани и очекува таквата комуникација со него да продолжи и на друго место.

Поголема владина реконструкција, со можни рокади на министерските позиции и размена на ресори меѓу коалициските партнери што беше најавувана дека ќе се случи набргу по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, сепак ќе ја дочека пролетта. Мицкоски неодамна на брифинг со новинарите, месеците април или мај ги спомена како можни термин за посериозна интервенција во составот на Владата. Прва поголема практично на половина од четиригодишниот мандат. И, нејзино екипирање со луѓе со кои заедно со тие што ќе останат ќе ја сочинуваат извршната власт практично до одржувањето на следните парламентарни избори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img