домаМакедонијаИстрагата од ботоксот се прошири и на митото: Претседател на стоматолошкото друштво,...

Истрагата од ботоксот се прошири и на митото: Претседател на стоматолошкото друштво, осомничен за примање поткуп

- Advertisement -spot_img

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „примање поткуп“.

Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на екстрахираните податоци од мобилните телефони одземени во рамки на друга истражна постапка што ОЈО ГОКК ја води против организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала. Поконкретно, се работи за истрагата со нелегалниот увоз на ботокс и филери во Македонија.

Според досега прибраните докази, во декември 2025 година осомничена опфатена во истражната постапка поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, му дала парична награда на првоосомничениот – доктор по стоматологија и претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците, за тој, користејќи го своето реално и претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, да интервенира со цел да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши.

Првоосомничениот интервенирал кај второосомничениот – претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, при што побарал од него да ја искористи својата службена положба и да ѝ овозможи на осомничената да го положи стручниот испит.

По положувањето на испитот, првоосомничениот ѝ ги доставил податоците од својата трансакциска сметка, а осомничената извршила уплата на паричен износ како награда за посредувањето. Согласно досега обезбедените докази, првоосомничениот дел од ветената награда му ја предал на второосомничениот.

Во текот на денот двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Надлежниот јавен обвинител ќе предложи определување на мерки за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img