домаМакедонијаИспланирајте на време: Наскоро нè очекува продолжен викенд

Испланирајте на време: Наскоро нè очекува продолжен викенд

- Advertisement -spot_img

Граѓаните до крајот на годината ги очекуваат уште неколку неработни денови, а октомври носи и можност за два продолжени викенди.

Денот на народното востание – 11 Октомври, годинава се паѓа во недела. Согласно правилата за празниците, неработен ќе биде и следниот ден, понеделник, 12 октомври, со што граѓаните ќе добијат продолжен викенд.

Само единаесет дена подоцна следува уште една можност за тридневен одмор. Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, годинава се паѓа во петок.

Тоа значи дека викендот од 23 до 25 октомври ќе биде продолжен за сите граѓани.

До крајот на 2026 година, неработен ден за сите граѓани е и 8 декември, вторник, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“.

За припадниците на католичката вероисповед, неработни се и 1 ноември – Празникот на сите светци, кој годинава се паѓа во недела, како и 25 декември, петок – првиот ден на Божиќ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img