HomeСветИран тврди дека соборил “невидлив” американски борбен авион

Иран тврди дека соборил “невидлив” американски борбен авион

- Advertisement -spot_img

ранската Револуционерна гарда (IRGC) тврди дека соборила американски борбен авион над централниот дел на земјата, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на соопштение објавено на Телеграм.

Според иранската агенција „Фарс“, станува збор за авион од типот Ф-35, кој, како што се наведува, бил „целосно уништен“ при падот. Поради сериозните оштетувања, нема официјални информации за судбината на пилотот.

Агенцијата „Мехр“ пренесува дека е малку веројатно пилотот да успеал да се катапултира, посочувајќи на „силна експлозија“ при уривањето на леталото.

Од друга страна, американското Централно командување (CENTCOM) засега не ги коментираше овие наводи, но претходно ги отфрли сличните тврдења на иранската страна за соборување на американски авион.

Во меѓувреме, дел од воено-аналитичките профили на социјалните мрежи изнесуваат сомнежи дека можеби не станува збор за Ф-35, туку за авион од типот Ф-15Е.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img