7.8 C
Skopje
14 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаИнвестицијата во станови ги зголемува цените на квадратот

Инвестицијата во станови ги зголемува цените на квадратот

- Advertisement -spot_img

Купувањето на по десетици станови во Скопје заради инвестиција врши притисок врз цената на квадратот. Данскиот инвестициски фонд „Ваeксткапитал Груп“ за Телма потврди дека веќе купил 250 стана во изградба во Скопје, до крајот на годинава планира да стигне до 500, а за кратко време да купи над 1000 стана во главниот град.

Не откриваат дали планираат да ги продаваат становите кога ќе бидат изградени или планираат да ги издаваат под кирија.

Според податоците на Народната банка, становите само во изминатата година поскапеле за дури 25 отсто, а за пет години цената се удвоила.

Градежници со кои разговаравме велат дека тоа дефинитивно ќе влијае врз покачување на и онака високите цени. Никола Велковски вели дека имаше знаци за стабилизирање на цените, со оглед на тоа што понудата ја задоволи побарувачката, но зголемувањето на побарувачката на станови во новоградба ќе ги крене цените.

„Ова сега може да направи повторно раздвижување и на градителите, сега ова ќе ги раздвижи и градителите, инвеститорите што градат, а тоа сигурно ќе го заживее пазарот со подигање на цените на становите што не е добро за нашиот купец, затоа што сега практично на сите им ја зголемува цената. Можеби данскиот фонд може да се носи со тие бројки, но веќе овде превисоки се цените за нашиот купец“ вели градежникот Никола Велковски.

Данскиот инвестициски фонд веќе има 300 стана во Софија, и уште 1000 во изградба, но таму ги издава.

Велковски се сомнева дека во Скопје има простор за издавање на толку станови под кирија затоа што пазарот е презаситен, освен ако не се издаваат за краток престој, како преку АирБнБ или Букинг.

„Можно е да ги издаваат на еден ден, или можеби нивната стратегија е за издавање на странски работници што евентуално би доаѓале во земјава. Можно е и тоа да е некоја нивна стратегија и политика, затоа што можеби имаат некои предзнаења пред ние да дознаеме што се случува“, вели Велковски.

Луѓе упатени во пазарот со недвижнини велат дека и покрај енормниот раст од изминатите години, цените нема да се стабилизираат на краток рок доколку владата не интервенира.

Можностите за интервенција се ограничување или забрана на краткорочното издавање, како што прават многу европски градови, или покачување на данокот на имот за секој нареден стан на некој сопственик што не служи за живеење.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески пред десетина дена навести дека владата можеби размислува за промени во даночната политика.

Купувањето на станови заради инвестиција е проблем и во поразвиените земји. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец објави дека американскиот сон за купување сопствен дом за многумина млади Американци е недостижен токму поради купувањето на живеалиштата од големи компании заради издавање.

Тој најави дека ќе предложи да се забрани големите институционални инвеститори да купуваат индивидуални живеалишта, затоа што во нив живеат луѓе, а не корпорации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img