HomeМакедонијаИнтензивни градежни активности на најпредизвикувачкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Интензивни градежни активности на најпредизвикувачкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

- Advertisement -spot_img

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека со забрзано темпо продолжуваат работите на најтешката делница од автопатот Охрид–Кичево, особено на делот каде што се наоѓаат најкритичните косини.

Тој преку својот фејсбук профил објави видео од терен, нагласувајќи дека со нови проекти се работи на трајно решение и стабилизација на проблематичните точки по трасата.

„Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево. Со нови проекти се работи на целосно решение и стабилизација на најпроблематичните косини на трасата. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.

Градежните екипи продолжуваат со засилено темпо, со цел оваа стратешка делница конечно да биде реализирана и пуштена во сообраќај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img