Непристојни пораки и содржини, навреди на национална и верска основа, врсничкото насилство се поприсутен во училиштата, учениците роми најчести жртви, но не се исклучени и другите етнички заедници, вакви се последните податоци од анализите на Институтот за човекови.
Од Агенцијата за остварување на правата на заедниците потенцираа дека ваквата појава е се поприсутна и не е изолирана, оттаму велат дека до нив пристигнуваат пријави од целата држава.
Експертите сметаат дека ваквите појави се процентуално слични кај сите етнички групи, македонската и другите заедници сметаат дека етничката припадност е основа за насилство, додека албанските наставници не препознаваат дискриминација по тој основ. Алармираат за растечкиот тренд и бараат итни реформи.








