Годишната стапка на инфлација во Турција во декември се намали трет месец по ред, овој пат од ноемвриските 31,1 проценти на 30,9 проценти, што е најниска вредност од ноември 2021 година, објави денес Турскиот институт за статистика (Туркстат).
Објавениот резултат е малку подобар од пазарните очекувања, бидејќи економистите во анкетата на Блумберг прогнозираа инфлација од 31 процент.
Инвеститорите сега очекуваат Централната банка на Турција (TCMB) да продолжи да ги намалува каматните стапки по поволните податоци за инфлацијата.









