Неидентификуван маж предизвика хаос на раскрсница во Загреб денес скокајќи врз автомобилите, блокирајќи го сообраќајот додека не пристигне полицијата.
Снимката од полудениот маж беше објавена од хрватските медиуми, а прво се појави на социјалните мрежи и веднаш стана вирална.
Медиумите известуваат дека станува збор за „екстремно растроен“ маж, кој околу пладне скокал врз автомобили на раскрсницата на Авенија Вечеслав Хољевац и улиците Дамир Томљановиќ и Јозеф Антал,пренесе „Танјуг“.








