домаРегионИнцидент на аеродромот во Сплит: Евакуиран авион на „Ер Србија“, уапсен маж

Инцидент на аеродромот во Сплит: Евакуиран авион на „Ер Србија“, уапсен маж

- Advertisement -spot_img

Сите патници од авионот на „Ер Србија“, кој требало да полета за Белград, во понеделник попладне биле евакуирани на аеродромот во Сплит поради закана за бомба.

Полицијата привела еден патник. Летот бил предвиден за 15:20 часот.

Винко Пајиќ, еден од патниците, ја опишал ситуацијата во авионот. Тој раскажал дека на пистата во леталото влегле неколку полицајци, дел од нив во униформи, а дел во цивилна облека. „Низ прозорецот видов полициско возило покрај авионот. Изведоа еден проседен господин кој седеше во третиот или четвртиот ред“, рекол Пајиќ.

Бидејќи на патниците првично не им било јасно што се случува, Пајиќ ја прашал стјуардесата за што станува збор. Таа кратко му одговорила: „Го спомна зборот бомба“.

Пајиќ додал дека неколку патници, од страв, самостојно го напуштиле авионот.

Набргу потоа, околу 15:40 часот, пилотот преку разгласот ги известил сите патници дека мора да излезат од авионот поради безбедносна проверка на леталото.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img