Дали и какви пропусти се утврдени во случајот со 19 годишната Станка Михајлова која остана неподвижна по породување со царски рез – извештајот на здравствениот инспекторат е комплетиран. Се очекува министерството за здравство да го соопшти.
ТВ 24 праша, но до објавувањето на прилогот нема одговори што е утврдено од вонредните надзори во штипската, струмичката болница и универзитетската клиника за неврологија каде била лекувана деветнаесетгодишната Михајлова.
Во меѓувреме реакција стигна од платформата за родова еднаквост од каде бараат независна, транспарентна и стручна постапка од здравствените власти со која ќе се расветли случајот.
ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: Неопходно е нејзините изјави да бидат дадени слободно, независно и без притисоци, а нејзината здравствена состојба и најдобар интерес да бидат во фокусот на сите постапки. Институциите да постапуваат со највисоко ниво на професионалност, одговорност и емпатија, имајќи предвид дека станува збор за млада жена и мајка која се соочува со сериозна животна ситуација и потреба од соодветна медицинска, психолошка и институционална поддршка. Очекуваме надлежните органи да обезбедат целосно, непристрасно и транспарентно расветлување на случајот, со цел да се заштитат правата на пациентката и да се зачува довербата во институциите
По налог на министерството за здравство – инспекторите од ДЗСИ спроведоа воредни конторли во сите болници каде била третирана Михајлова. Рекацијата следуваше откако нејзиното семејство јавно проговори дека се сомнева во лекарска грешка.
Менаџментот на штипската болница претходно соопшти дека пациентката од кај нив била испишана во добра состојба. Нејзиното семејство пак чека одогвор на прашњето како остана неподвижна, но и одговорност доколку се утврдат пропусти во третманот.






