-5.2 C
Skopje
31 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаИЈЗ: Празничните навики можат сериозно да го нарушат здравјето

ИЈЗ: Празничните навики можат сериозно да го нарушат здравјето

- Advertisement -spot_img

Новогодишните празници носат промени во секојдневните навики и често доведуваат до отстапување од вообичаениот режим на исхрана, предупредува Институт за јавно здравје во препораките упатени до граѓаните. Според ИЈЗ, празничниот период најчесто е проследен со доцни вечери, зголемен внес на храна и оброци кои се калорични и нутритивно неурамнотежени.

Прославите обично се одвиваат во вечерните и ноќните часови, кога физиолошки се намалуваат метаболичката активност, чувствителноста на инсулин и гастроинтестиналната мотилност. Како резултат на тоа, доцното јадење создава дополнително метаболичко оптоварување, може да ја наруши регулацијата на шеќерот во крвта и да придонесе за поинтензивно таложење на масти.

Доцните и обилни оброци се поврзуваат и со полош квалитет на сон, појава на рефлукс, дигестивни тегоби, чувство на тежина и абдоминална надуеност. Долгорочно, ваквите навики го зголемуваат ризикот од дебелина, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други хронични незаразни болести.

Со цел да се намалат здравствените ризици за време на празниците, од ИЈЗ препорачуваат последниот поголем оброк да се консумира најмалку три до четири часа пред легнување и доцното јадење да не се практикува редовно. Кога празничната вечера е неизбежна во доцните часови, се советува избор на полесна храна со пониска енергетска вредност, ограничување на масна и пржена храна, како и внимавање на количината. По оброкот не се препорачува веднаш легнување, туку кратка прошетка или лесна физичка активност.

Институтот укажува дека во деновите меѓу празничните прослави е важно да се одржува редовен распоред на оброци, а лицата со гастроинтестинални, метаболни и кардиоваскуларни заболувања да бидат особено внимателни. По завршувањето на празничниот период, треба да се избегне продолжување на навиката за доцно јадење.

Новогодишните празници традиционално се поврзуваат и со зголемена консумација на алкохол. Од ИЈЗ апелираат на умереност, избегнување на брзо и прекумерно пиење и строго почитување на правилото никогаш да не се управува возило под дејство на алкохол. Се препорачува алкохолот да се комбинира со храна, редовно да се внесува вода и да се внимава на можните интеракции со лекови. Бремените жени, малолетниците и лицата со хронични заболувања не треба да консумираат алкохол.

Посебно внимание се обрнува и на употребата на пиротехнички средства, кои претставуваат сериозен ризик за здравјето и безбедноста. Пиротехниката не треба да ја користат деца и малолетници, не смее да се ракува со неа под дејство на алкохол и не треба повторно да се активира средство кое не експлодирало. Бучавата од пиротехниката може да предизвика стрес и здравствени проблеми, особено кај деца, постари лица и домашни миленици, поради што се препорачуваат побезбедни алтернативи за прослава.

При појава на повреди, изгореници или пожари, се апелира веднаш да се побара медицинска помош и да се известат надлежните служби. Институтот за јавно здравје им посакува на граѓаните мирна и здрава Нова 2026 година и повикува празниците да поминат со одговорно однесување и грижа за сопственото и јавното здравје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img