домаТехнологијаHuawei го потврди датумот, Pura 90 ќе биде претставен глобално на 14...

Huawei го потврди датумот, Pura 90 ќе биде претставен глобално на 14 јули

- Advertisement -spot_img
Huawei официјално потврди дека глобалното лансирање на флегшип серијата Pura 90 ќе се одржи на 14 јули во Куала Лумпур, Малезија, од каде што ќе пристигне и на европскиот пазар

По официјалната премиера на домашниот кинески пазар во април, компанијата Huawei потврди дека нејзината најнова флегшип серија паметни телефони Pura 90 стартува на глобалниот пазар.

Големиот настан и премиерата се закажани за 14 јули, кога уредите ќе бидат претставени пред меѓународната јавност – на ексклузивна конференција во Куала Лумпур, Малезија.

Покрај телефоните, компанијата ќе претстави и неколку други уреди.

Продолжување на глобалната Huawei стратегија

Овој потег целосно ја следи минатогодишната успешна стратегија со серијата Pura 80, која глобално беше лансирана во речиси идентичен временски период, поточно на 10 јули минатата година.

На овој начин, Huawei сака да одржи континуитет на меѓународниот пазар и да понуди директен конкурент на најсилните премиум модели на другите светски брендови.

Неизвесност околу конечната Pura 90 постава

За потсетување, Huawei минатата година на глобалната сцена претстави три различни модели од претходната серија. Сепак, во моментов сè уште не е официјално потврдено дали меѓународните купувачи и овој пат ќе ја добијат комплетната Pura 90 постава, во која спаѓаат стандардниот, Pro и Pro Max моделот.

Најголем интерес кај јавноста постои токму за напредните модели Pura 90 Pro и Pura 90 Pro Max, кои носат значајни технолошки унапредувања во мобилната фотографија, нови сензори со високи перформанси и препознатлив, луксузен дизајн. Задниот панел веќе доби одлични реакции за време на пролетната премиера во Кина.

Екипата на Benchmark моментално е во Кина, каде што од прва рака ќе се запознае со сите детали за новата Huawei Pura 90 серија. Следете нè за сите информации и видео премиерата. Huawei Pura 90 ќе биде претставена и кај нас, но сè уште не се знае точниот датум на премиерата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img