домаРегионХрватска официјално измери микропластика во водата за пиење

Хрватска официјално измери микропластика во водата за пиење

- Advertisement -spot_img

Хрватска ги регистрираше своите први официјални национални податоци за присуството на микропластика во водата за пиење, воспоставувајќи клучна референтна точка за сите идни мониторинзи и споредби со останатите европски земји. Ова пионерско истражување го спроведе Институтот за води „Јосип Јурај Штросмаер“, а резултатите веднаш беа вклучени во најновиот извештај за здравствена исправност на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Бројките од терен покажаа просечна концентрација од 0,144 честички на приоритетни полимери по литар во преработената вода и во дистрибутивната мрежа. Сликовито кажано, ова е еквивалентно на приближно една честичка микропластика на секои седум литри вода. Сите анализи и истражувања беа спроведени во согласност со најновата строго дефинирана европска методологија за следење на микропластиката во јавните водоводи.

Во националниот извештај се нотира дека хрватските резултати се споредливи или дури и значително пониски од вредностите пријавени во достапните европски истражувања. На ниво на ЕУ, овие концентрации вообичаено се движат од 0,9 до 2 честички по литар вода. Сепак, властите повикуваат на внимателност при директните споредби, бидејќи резултатите можат варираат во зависност од големината на честичките и методите на анализа.

Како дел од ова опсежно истражување, Институтот отиде чекор подалеку и покрај задолжителните мерења на обработената вода, изврши детална анализа и на суровата, нецедена вода од природните извори. Ова им овозможи на научниците за првпат прецизно да го следат движењето и промените во концентрацијата на микропластиката низ сите фази на технолошкиот процес на филтрирање и прочистување во водоводите.

Резултатите донесоа одлични вести за ефикасноста на локалните системи. Мониторингот покажа дека кај водоводните мрежи кои користат површински извори на вода, бројот на пластични честички бил намален за неверојатни 94,7 отсто по завршувањето на комплетниот третман. Овие податоци предизвикаа огромен интерес во хрватската јавност, а Институтот вети дека ќе продолжи со развој на лабораториските капацитети за следење на новите еколошки индикатори.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img